Шефот на стручниот штаб на Победа, Зоран Штерјовски ги дефинираше пријателските натпревари на тимот за време на летните подготовки пред стартот на новата сезона.
Согласно договореното, Победа првиот свој тест дуел ќе го има на 9. јули во Охрид против екипата на Ренова. Потоа прилепчани се селат во Банско, Бугарија, каде ќе бидат одиграни уште три пријателски средби, најпрво против Монтана на 14. јули, па против новиот македонски прволигаш Академија Пандев на 16. јули и против Гоце Делчев – Пирин на 22. јули. Генералката пред стартот на новата сезона ќе биде против второлигашот Саса на 5. август.
Според предлог планот за натпревари на комесарот на ФФМ, Васко Дојчиновски, кој е доставен и чека одобрување од Управниот Одбор на ФФМ, Првата лига ќе стартува на 13. август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА