Првото квалификациско коло за Лигата на Европа донесе огромно изненадување, откако Глазгов ренџерс беше елиминиран во двомечот со Прогрес од Луксембург. Шкотскиот гигант имаше минимални 1-0 од првиот меч во Глазгов, но вечерва целосно потфрли и им дозволи на домаќините со триумф од 2-0 да приредат вистинска сензација на стартот од новата европска сезона.
Прогрес ги постигна головите во второто полувреме, а Глазгов ренџерс во 93. минута имаше одлична шанса да постигне погодок и да се пласира во следната рунда, но обидот за лоб на Кени Милер заврши само во гредата од голот на храбрите домаќините.
Niedercorn (Lux) 2-0 Rangers (Sco) All Goals… by gameofsports
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА