Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа стартуваше на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари кој се игра во Денаин, Франција.
Ѓорческа е прва носителка на турнирот во Франција, па на стартот без поголеми проблеми славеше против Белгијката Елин Бејкенс со 6-3,6-4. Во второто коло македонската тенисерка ќе се сретне со домашната тенисерка Малаури Ноел.
Ѓорческа не е пријавена на турнирот во двојки од ИТФ фјучерсот во Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА