Роџер Федерер мина помалку од еден час на теренот на Вимблдон за да се пласира во втората рунда, откако неговиот противник Алекс Долгополов го предаде мечот уште кон средината на вториот сет. Швајцарскиот ас имаше предност од 1-0 во сетови и 3-0 во гејмови кога Долгополов се пожали на повреда и покажа дека нема да може да го продолжи натпреварот.
И за само сет и половина Федерер успеа да испише нови страници во листата на рекорди, станувајќи играч со најмногу победи на Вимблдон. Имено, денешниот триумф беше вкупн 85. за швајцарската тениска легенда на британскиот гранслем, со што тој го надмина остварувањето на Џими Конорс. Воедно, Федерер прослави и јубилеј, откако токму на дуелот со Долгополов го сервираше својот 10.000 ас во кариерата.
Негов следен противник ќе биде Србинот Лајовиќ, кој денеска славеше со максимални 3-0 во сетови против Гркот Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА