Мајкл Кин е најновото засилување на Евертон, откако дефанзивецот на Барнли го комплетираше 30 милиони фунти вредниот трансфер на „Гудисон парк“. Овој фудбалер до неодамна беше поврзуван со враќање во Манчестер јунајтед, клубот од чија младинска школа потекнува, но Мурињо одби да ја плати сумата што Барнли ја бараше, што за Роналд Куман не беше проблем со оглед на желбата да ја засили одбранбената линиј на „карамелите“.
„Една од главните причини што го избрав токму Евертон е токму Роналд Куман, кој како играч настапувал на мојата позиција за гигант каков што е Барселона. Знам дека неговите совети ќе бидат драгоцени за мене и ќе ми помогнат да напредувам во кариерата“ – изјави Кин при потписот на петгодишниот договор со Евертон.
Англискиот дефанзивец е уште едно во низата на квалитетни засилувања на Евертон, откако претходно беше доведен голманот Пикфорд од Сандерленд, капитенот на Ајакс, Дејви Класен, голгетерот на Малага и на младинската шпанска репрезентација, Сандро Рамирез, како и Хенри Ониекуру од белгиски Еупен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА