Италијанските калчолигаши Јувентус и Интер се заинтересирани за репрезентативецот Матео Дармијан, кој е член на Манчестер јунајтед. Медиумите на Островот го најавуваат неговото заминување од „Олд трафорд“, а италијанскиот првак го гледа како замена за Дани Алвеш, кој реши по само една сезона да си замине од Торино.
Раководството на „старата дама“ ќе се обиде овој фудбалер да го доведе како позајмен играч, со опција да го откупи следната година за сума од 20 милиони евра. Но, Интер, откако ги реши проблемите со финансискиот фер-плеј, сака веднаш да го купи Дармијан, опција што секако повеќе му одговара на Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА