Фудбалерот на Барселона, Џерард Пике и неговата сопруга, колумбиската пејачка Шаќира се секако најинтересните гости за медиумите на „свадбата на годината“ на Лионел Меси и Антонела Рокузо.
Пејачката ќе ја има и една од клучните улоги на свадбата, подготвувајќи специјален подарок за Меси и Антонела. Според најавите Шаќира подготвува изненадување за кое не знаат ниту младоженците со специјален музички перформанс кој треба да ги шокира сите присутни гости. Сето ова, на некој начин, ги негира и гласините дека колубиската пејачка е во лоши односи со Антонела.
Пике и Шаќира изминатиов период беа на одмор на Бахамите, со своите синови Милан и Саша, од каде слетаа во Колумбија продолжувајќи го патот за Розарио на свадабата на Лионел Меси.
Како што е познато од претходно, гостите на свадбата, вкупно 260 поканети дополнително и со 150 новинари, нема да може да користат интернет за време на церемонијата и прославата, како не би постирале фотографии по социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА