Венус Вилијамс виновна за сообраќајка во која загина човек

Американската тенисерка Венус Вилијамс (37) придизвикала сообраќајна несреќа во Палм Бич на Флорида во која еден човек го загуби животот. Сообраќајката се случила на 9 јуни, а полицијата по тринеделната истрага утврдила дека Вилијамс е виновна за сообраќајната несреќа/ Според полицискиот извештај, Венус на црвено влегла во раскрсницата, а на неа налетал автомобилот што го управувала Линда Барсон. Како последица на несреќата две седмици подоцна, во болница починал нејзиниот сопруг Џером Барсон кој бил на совозачкото место во автомобилот.

Венус не била под влијание на алкохол, возела со 7 км/ч, но под тежок прекршок  влегла во раскрсницата. Барсон изјавила дека не можeла никако да го избегне сударот во кој потешко настрадал нејзиниот сопруг кој седел на совозачкото место, делот од автомобилот со кој директно удрила во возилото на Венус Вилијамс.

„Венус во раскрсницата влегла на зелено светло, не возела брзо и забавила поради прометот пред неа. Станува збор за несреќен случај за кој Венус Вилијамс искрено жали и му изрази искрено сочувство на семејството за загубата“ – изјави адвокатот на американската тенисерка, Малколм Кенингам.

Венус Вилијамс во сообраќајката мина без повреди и таа од понеделник треба да настапи на Вимблдон како 10.носителка.

Се вчитува...