Работнички со победа (0-1) ја стартуваше европската одисеја, совладувајќи го претставникот на Сан Марино, тимот на Тре Пене, на гостински терен. „Романтичарите“ славеа со голот на Деан Митрев во 90.минута од средбата, со што ја крунисаа подобрата игра во текот на целата средба.
Избраниците на Виктор Треневски уште од самиот старт наметнаа свое темпо, но Тре Пене умешно се бранеше. Се обидуваа со шутеви од далечина, притискаа кон голот на домаќинот, но мрежата на Тре Пене остана мирна.
Во самиот финиш, Работнички притисна силно, и со голот на Деан Митрев во 90.минута стигна до победа, која го носи многу блиску до пласман во следната рунда од квалификациите во Лигата на Европа.
ЛИГА ЕВРОПА – 1.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
ТРЕ ПЕНЕ – РАБОТНИЧКИ 0-1 (0-0)
Стадион „Серавале“ во Сан Марино. Судија: Џејсон Ли Барсело (Гибралтар). Стрелци: Митрев 90’ (Работнички). Ж. картони: Гасперони, Мартини (Тре Пене), Најденов (Работнички).
ТРЕ ПЕНЕ: Мигани, Палаци, Фратернали, Роси, Мерендино, Патрењани, Гасперони, Гаи, Морети (63’ Мартини), Сантини (72’ Калцолари), Симончели.
РАБОТНИЧКИ: Шишковски, Илиев, Митрев, Рашо, Херера, Најденов (81’ Станковски), Трајчевски, Дурански, Маркоски, Кадриу, С. Сахити (73’ Е. Сахити).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА