Мерцедес пред Ферари до пол-позицијата во Баку

Луис Хамилтон уште еднаш ја потврди одличната форма стигнувајќи до нова пол-позиција, овојпат во квалификациите за Големата Награда на Азербејџан. Болидите на Мерцедес делуваа импресивно во денешниите квалификации, остварувајќи далеку подобро време од ривалите. Хамилтон беше подобар од својот тимски колега Валтери Ботас, кој оствари послабо време за над 0,4 секунди.

Зад двата болиди на Мерцедес се најдоа ривалите од Ферари, па утрешната трка како третопласиран ќе ја стартува Кими Раиконен, додека лидерот во генералниот пласман Себастијан Фетел ќе биде четврти на стартот од трката.

Зад Фетел уличната трка во Баку ќе ја стартуваат Верстапен, Перез, Окон, Строл, Маса и Рикиардо.

Се вчитува...