Лионел Меси денеска во Аргентина ќе го прослави својот 30. роденден, во присуство на своите најблиски. Честитки до најдобриот фудбалер на денешницата стигнуваат од сите страни на светот, а најубавиот подарок би требало да го добие од раководството на Барселона.
Имено, неколку шпански медиуми објавија дека каталонците ги прифатиле сите услови што Меси ги побарал, па веќе нема никакви пречки за Аргентинецот да потпише нов долгогодишен договор со Барса.
Актуелниот договор на Меси истекува во јуни 2018 година, а според каталонските медиуми тој би требало да ја продолжи соработката на почетокот од јули, по свадбата што ја има закажано на 30 јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА