ЕКИПА во Гдиња,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Младите македонски момчиња вечерва на стадионот „Миејски“ во Гдиња ги освоија сите симпатии од неутралните љубители на фудбалот во Полска.
Меѓу 8.000 навивачи колку што присуствуваа на дуелот во Гдиња, покрај се разбира поддршката од македонските фанови, македонските фудбалери во текот на второто полувреме добиваа аплаузи на отворена сцена од домашната публика поради начинот на кој се бореа на терен за својот дрес, поради желбата, мотивот и срцето, и покрај тоа што за нив резултатски овој натпревар апсолутно ништо не значеше…
Затоа и цел стадион скандираше по погодокот на Кире Маркоски за 2-3…
Затоа, на крајот момците на Благоја Милевски добија и аплаузи од сите присутни македонски навивачи на „Миејски“, а ги имаше околу 500…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА