Во таборот на Пелистер со причина нема премногу простор за оптимизам во пресрет на двомечот од квалификациите за Лигата на Европа, ако се земе во предвид формата на противникот Лех Познањ. Полскиот состав не само што по реноме е пред битолскиот прволигаш, туку Лех се наоѓа и во одлична форма во овој подготвителен период.
Така, во единствената контрола во пресрет на дуелот со „пелистерци“ фудбалерите на Лех го декласираа тимот на Хапоел Бер Шева со 3-0. Станува збор за екипа што е актуелен првак на Израел, но која беше немоќна да ги запре налетите на полскиот прволигаш. Првиот гол беше дело на Гумни во 4. минута, на 2-0 зголеми Ласе Нилсен, а конечните 3-0 ги постави засилувањето од Динамо Загреб, Марио Ситум.
За споредба, фудбалерите на Пелистер вчера одиграа контролен натпревар против новиот бугарски прволигаш Академик, претрпувајќи пораз од 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА