Костас Слукас и во следните две сезони ќе го носи дресот на Фенербахче откако тренерот Жељко Обрадовиќ успеа да го убеди грчкиот плејмејкер да потпише нов договор со актуелниот европски шампион. Веднаш по завршувањето на сезонава и истекот на актуелниот договор со Фенер, Слукас доби атрактивни понуди од татковината, и тоа и од Олимпијакос и од Панатинаикос.
Газдите на турскиот гигант сепак благовремено реагираа и експресно ги договорија условите за соработка, па денеска беше потпишан нов двогодишен договор со Слукас. Покрај грчкиот плејмејкер, продолжена беше соработката и со турскиот кошаркар Бариш Херсек, кој исто така потпиша договор на уште две сезони со „сино-жолтите“ од Истанбул.
Во тек се преговорите и за продолжување на соработката со Џиџи Датоме, но како што стојат работите Перо Антиќ најверојатно во текот на летово ќе си замине од Фенербахче, особено откако европскиот првак влезе во финална рунда разговори со Николо Мели од Брозе баскет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА