Аргентинскиот интернационалец Евер Банега го напушта „Џузепе Меаца“ ова лето и се враќа во својот поранешен клуб Севилја. Овој 28-годишен играч за врска по две одлични сезони во Севилја одлучи како слободен агент да се пресели во Интер, но во италијанскиот калчолигаш се вклопи во сивилото на целиот тим изминатата сезона.
Новиот тренер Лучијано Спалети нема да смета на Банега, тоа му го напоменал и на самиот фудбалер, по шо Интер и Севилја постигнале согласност тој да се врати во клубот од Андалузија. За него Севилја ќе плати отштета од 9 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА