Раул Гонзалез ќе се врати во Реал Мадрид во првата недела од месец јули. Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез смета дека ваквите легенди на клубот треба да бидат дел од клубот, а за Раул иако се уште нема најдено работно место, шпанските медиуми шпекулираат дека ќе оди по стапките на Зинедин Зидан, ќе биде тренер на младите, односно Б тимот на Реал, по што за извесно време би се нашол и меѓу помошниците на Французинот во првиот тим.
Перез исто така тврди дека играчите можат да го искористат знаењето на Раул, а воедно и тој ќе ги усовршува своите тренерски знаења во најповолните услови. Ваквите одлуки не се непознати за шпанскиот првак кога станува збор за ангажирање на порашени „галактикоси“ во канцелариите на „Бернабеу“. Зидан од фудбалска прераснува во тренерска легенда, Сантијаго Солари, Гути и Алваро Бенито се дел од техничката поддршка на клубот, додека Чендо е делегат на првиот тим. Роберто Карлос работеше како коментатор за Реал Мадрид ТВ, Роналдо Назарио е амбасадор на клубот за хуманитарни потреби. Емилио Бутрагењо е еден од директорите во клубот.
Раул Гонзалес ќе има можност самиот да избере, дали ќе почне тренерска кариера, или пак, ќе оди меѓу директорите…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА