Технологијата прави чуда – Бенфика за шест години на играчите заработи 600 милиони евра

Португалскиот шампион благодарение на технологија кој се повеќе се наметнува во фудбалот, успеа да заработи повеќе од 600 милиони евра преку продажба на играчи. Главната причина за ова достигнување е ривалот Порто, кој доминираше во португалското првенство и имаше респектабилно место во Европа.

Бенфика од 1994 година па се до 2010 година имаше само три титули во португалската прва лига, додека Порто освојувајќи трофеи правеше голем обрт на пари, одлично функционираше филозофијата – купи на малку, продај за многу. Раководството на „орлите“ мораше да превземе нешто што ќе го смени целиот концепт на клубот, а при тоа ќе биде успешен и на теренот и на транфер пазарот. Вложија огромни средства за тренинг центарот и академијата, а потоа се потпреа на она што ја претставува иднината на фудбалот – технологијата.

Иако Бенфика има позната акдаемија, во последните шест сезони се издигнаа на досега невидено ниво. Целокупното работење на селекциите се следи во центарот кој има површина од 18 хектари. Со користење на софистицирана и најмодерна опрема, клубот ја следи работата на секој фудбалер буквално 24 часа. Користејќи го најновиот софтвер на „Мајкрософт“, тренерите и аналитичарите на Бенфика можат да ја следат исхраната на секој фудбалер, дали неговото тело е доволно одморено и подготвено за интензивни напори, неговиот напредок на тренинг, процесот на опоравување од повреда. Сите тренери добиваат анализа по секој завршен тренинг, а софтверот при тоа прави вкупен статистички податок на играчот во секој сегмент. Добиваат приказ за секој играч, кои се неговите слабости на тренинг и на натпревар, во кое поле мора да се подобри, кои се нивните најкорисни способности и слично. На овој начин, Бенфика прво што намали е бројот на повреди.

Благодарение на оваа технологија, Бенфика немаше проблем да наоѓа замени за фудбалерите кои ги продаваа во Европа. Иако од 2010 година славниот португалски клуб остана без играчи како Ди Марија и Давид Луиз, нивна соодветна замена наоѓаа во академијата, или пак купуваа за многу ниски суми. Направија вкупен профит од 600 милиони евра, а при тоа продолжија со доминацијата во лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=A3JQCsM2qfA

Топ 10 трансфери на играчи кои ја напуштија Бенфика:

1. Едерсон, Манчестер сити – 40 милиони евра2. Виктор Линделоф, Манчестер јунајтед – 35 милиони евра3. Ренато Санчес, Баерн Минхен – 35 милиони евра4. Анхел Ди Марија, Реал Мадрид – 33 милиони евра5. Гонкало Гуедеш, ПСЖ – 30 милиони евра6. Фабио Коентрао, Реал Мадрид – 30 милиони евра7. Родриго, Валенсија – 30 милиони евра8. Давид Луиз, Челси – 25 милиони евра9. Немања Матиќ, Челси – 25 милиони евра10. Никола Гаитан, Атлетико Мадрид – 25 милиони евра

 

Се вчитува...