Николов нема скршеница на прстот: Сепак, неизвесен за Португалија

ЕКИПА во Гдиња,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Фудбалерот од средниот ред на Вардар, Бобан Николов, за среќа, сепак, нема скршеница на прстот од левата нога како што се мислеше првично веднаш по крајот на синоќешниот натпревар со Србија во Бидгошч.

По синоќешните прегледи во Бидгошч утврдено е дека Николов има само набиен прст, па дополнително во следниве два дена ќе биде одличено дали ќе може да настапи на натпреварот со Португалија во петок.

„Среќна околност е што нема никаква скршеница. Сепак, деновиве ќе се види колку ќе може да биде подготвен за натпреварот со Португалците“ – велат од лекарскиот тим во стручниот штаб на македонската репрезентација.

Се вчитува...