ЕКИПА во Бидгошч,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Селекторот на репрезентацијата на Србија, Ненад Лалатовиќ истакна дека неговиот тим овој пат немал среќа да дојде до победата на Европското првенство. Лалатовиќ онака самоуверено на прес-конференцијата по средбата нагласи дека Србија била далеку подобра, а Македонија посреќна до бодот…
„Бевме подобри и незаслужено испуштивме триумф. Може да кажам дека немавме среќа затоа што доминиравме во првиот дел и заслуживме да водиме поубедливо. Судиите чудно судеа, досудија некој пенал кој не сум сигурен дека постоеше. Јас и пред мечот нагласив дека Македонија не е наивна селекција, туку одличен колектив кој треба да се почитува. Но, овој пат Македонија среќно дојде до бодот“ – истакна Лалатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА