ЕКИПА во Бидгошч,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Фудбалерот од средниот ред на Вардар, Бобан Николов играл 60 минути со пукнат прст на левата нога, ни откри веднаш по дуелот со Србите.
Николов жали што е пропуштена победа, но е среќен што во второто полувреме се покажаа во вистонско светло.
„Најверојатно имам пукнат прст на левата нога. Сега одам на снимање, па треба да се утврди тежината на повредата. Не знам со сигурност дали е скршен, но знам дека страшно болеше. Сепак, за Македонија се игра и со една нога! Жално е што на крај пропуштивме победа, се вративме во вториот дел, водевме и на крај доживеавме разочарување“ – ни изјави Николов по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА