ИСТОРИЈА: Прв гол на Македонија на ЕП, Барди израмни од пенал

Енис Барди е играчот чие име ќе остане запишано во историјата на македонскиот фудбал, како стрелец на првиот гол за нашата репрезентација на европските првенства.

Похрабриот пристап на нашите фудбалски надежи во второто полувреме против Србија вроди со плод, па Македонија израмни на 1-1 благодарение на голот од пенал што го постигна Барди. Влегувањето на Елмас на местото на Бабунски се покажа како вистински потег бидејќи токму „бисерот“ на Работнички одигра одлично двојно додавање и втрча во шеснаесетникот, за по неговиот центаршут Живковиќ да игра со рака, а судијата да покаже на белата точка.

Барди одлично го реализираше ударот од белата точка, за радост на македонските навивачи на стадионот во Бидгошч.

1-1 Enis Bardhi Penalty Goal HD – Serbia U21 vs… by wc2018

Се вчитува...