ЕКИПА во Бидгошч,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Одбранбениот фудбалер во редовите на Србија, Милош Вељковиќ пред денешниот дуел од Групата Б на Европското првенство во Полска, потенцира дека никој во нивната селекција не смее да ја потцени Македонија. Напротив, според него ќе биде неизвесен натпревар, во кој ќе одлучуваат можеби нијанси…
„Да бидам искрен, ние секако одиме на победа против Македонија но никако не смееме да ја потцениме оваа репрезентација. Се работи за незгодна репрезентација која беше одлична во квалификациите а и во првиот натпревар на првенството покажаа дека знаат да играат фудбал. Македонците сосема незаслужено загубија убедливо од Шпанија. Сето тоа ни кажува дека мора да бидеме внимателни и максимално мотивирани доколку ја сакаме победата“ – вели Вељковиќ.
Србите детално го анализирале составот на Благоја Милевски, нагласувајќи дека Македонија игра агресивно на средината од теренот, со два одлични бека, и игра преку брзи контранапади секогаш незгодни за противникот…
Натпреварот меѓу Македонија и Србије денеска се игра од 18 часот на стадионот во Бидгошч. Србите во првото коло загубија од Португалија со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА