Стоилов: Горд сум на овие момци, Раул покажа дека е мајстор

Фантастична е атмосферата во македонскиот национален тим по извонредното издание и освоеното прво место во групата во квалификациите за ЕП 2018. Стојанче Стоилов не ја крие гордоста по вечерашната ракометна перфекција, за која посакува да продолжи и при настапите на шампионатот во Хрватска.

И пред мечот знаевме дека сме пласирани, но она што многу ме радува е покажаниот карактер. За првпат во историјата го освојуваме првото место во квалификациите, и тоа нешто значи. Неколку пати годинава покажуваме карактер кога треба, особено во Скопје, дефинитивно оваа репрезентација созрева се повеќе на секој нов натпревар. Се гордеам на овие момци, младите покажаа зошто се тука, Раул покажа дека е мајстор. Се надевам на добро Европско првенство, каде желба ми е да играме исто како на овие последни средби, да дадеме се од себе и да не потцениме никого“ – истакна Стоилов.

Се вчитува...