Раул Гонзалес дојде на чело на Македонија во незгоден момент, по една победа и еден пораз на националниот тим под водство на Лино Червар. Сепак, тивкиот Шпанец уште еднаш ја потврди својата ракометна големина, кревајќи го нашиот национален тим на едно повисоко ниво – кулминирајќи со денешната перфектна партија и убедливиот триумф над Чешка.
„Пресреќен сум бидејќи сите одиграа супер, ова беше извонреден натпревар. Стигнавме до голема разлика уште во првото полувреме и го освоивме првото место. Ова е најдобра сезона во мојата кратка кариера, но јас сум реален и знам дека во иднина нема да биде исто толку успешно како ова што ми се случи годинава. Како и да е, горд сум на репрезентацијата и на овој остварен успех, што уште повеќе ќе го крене македонскиот ракомет“ – изјави Раул Гонзалес непосредно по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА