ЕКИПА во Гдиња,
Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски
Шпанија ќе ја паметиме добро, со оглед дека беше прв историски настап на Македонија на едно Европско првенство во фудбал, а воопшто не поминавме добро на резултатски план. Асенсио, Делофеу, Саул и останатите се премногу искусни фудблери, веќе големи европски ѕвезди и тоа го ’наплатија’ со триумф од 5-0 против Македонија.
Но, тоа нема да ги разочара македонските репрезентативци. Веќе од денеска овој меч се остава во историјата, и се мисли на следниот предизвик, дуелот со селекцијата на Србија, во вторник, во Бидгошч, со почеток во 18 часот.
„Шпанците покажаа врвна класа. Загубивме со 5-0, резултат е преубедлив, и мислам дека не е реален. Заслуживме да постигнеме најмалку два гола, имавме одлични шанси и за повеќе. Но, таков е фудбалот, ако не ги искористиш шансите, неминовно следува пораз. Сепак, одиме понатаму. Веруваме во себе, поразот од Шпанија нималку нема да ја наруши нашата самодоверба и ќе се обидеме да се издигнеме за следниот меч со Србите. Сме го правеле тоа и претходно, кога на стартот од квалификациите загубивме од Исланд“, вели Кире Маркоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА