Нестор-гол на прагот на Фиорентина: Калиниќ оди во Милан, а Несторовски во Фиренца

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е на прагот на фантастичен трансфер во Серија А. Италијанските медиуми тврдат дека тој е на чекор до трансфер во редовите на Фиорентина, како замена за Хрватот Никола Калиниќ, кој треба да биде ново засилување на Милан.

Раководството на „росонерите“ откако не успеа да го купи Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, чија вредност е 100 милиони евра, се насочи кон Калиниќ, а преговорите се веќе во интензивна фаза. Хрватот се очекува да пристигне на „Сан Сиро“ за сума од околу 25 милиони евра, а потоа ќе се отворат и финансии и место за ангажманот на Илија Несторовски во редовите на Фиорентина.

Според најавите од Италија, трансферот на Нестор-гол би можел да се реализира на почетокот на идната седмица. За него се ушт постои интерес и од Удинезе и Аталанта во Серија А, но и Евертон и Вест Бромвич Албион од Премиер-лигата, како и шпанскиот прволигаш Севилја. Имаше најави од Русија дека и Зенит од Санкт Петербург е заинтересиран за македонскиот репрезентативец. Сепак, најизгледно е тој да стане нов член на Фиорентина.

Се вчитува...