Марко Верати е решен својата кариера да ја продолжи во Барселона, а за својата желба веќе ги известил и челниците на ПСЖ. Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ објави дека пораката била кратка и децидна: НЕ СЕ ВРАЌАМ НАЗАД ВО ПАРИЗ, се со цел одличниот плејмејкер што поскоро да си осигура заминување од „Паркот на принцовите“.
На потег сега се челниците на клубот, кои ќе треба да решат каков ќе биде следниот чекор на „светците“, дали инсистирање на останување и евентуална казна за незадоволниот фудбалер, или стартување на преговорите со Барселона.
Претседателот Насер Ал Келаифи пред неколку дена изјави дека не би го продал Верати ниту за 100 милиони евра, а сега токму првиот човек на ПСЖ ќе треба да ја донесе одлуката околу иднината на овој фудбалски генијалец.
Каталонските медиуми најавуваат дека првата понуда на Барселона ќе изнесува 60 милиони евра, како почетна точка во преговорите за Верати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА