Грозданоски со поддршка: Главата горе момци, има уште да се игра на ова ЕП

Долгогодишниот фудбалер на Вардар и на поранешниот македонски репрезентативец, Влатко Грозданоски, јавно ги поддржа нашите млади фудбалери по убедливиот пораз од Шпанија. Секогаш настојувајќи да го најде позитивното во секоја ситуација, Грозданоски останува ист и по завршувањето на својата кариера, порачувајќи им на избраниците на Боби Милевски да продолжат во ист ритам и на следните средби од овој европски шампионат.

Без разлика на резултатот против една светска велесила како Шпанија која вреди многу,децава се иднината на Македонскиот фудбал.Ни една наша репрезентација никогаш не играла така отворен фудбал, дрско, храбро, квалитетно. Верувам дека за неколку години многу од нив ќе бидат носители на А репрезентацијата предводени од Ристовски, Трајковски, Алиоски, Димитриевски, Несторовски, Спировски… Македонскиот фудбал има убава иднина!!!Главите горе момци,има уште 2 утакмици до крај,се е можно.Напред Фудбалска Репрезентација на Македонија“ – напиша Грозданоски на својот фејсбук профил.

grozdanoski print

Се вчитува...