Маркос Асенсио има свое шоу на стадионот во Гдиња, а по вечерашниот натпревар македонските дефанзивци сигурно ќе имаат кошмари од асот на Реал Мадрид. Брзоногиот офанзивец го комплетираше својот хет-трик откако прифати топка на сопствената половина, истрча триесетина метри, пред силно да бие во горниот агол од голот на Ангеловски, кој и овојпат беше немоќен да го запре ударот на шпанскиот репрезентативец.
Асенсио си ја заврши беспрекорно задачата, па на десет минути до крајот беше повлечен од игра од страна на селекторот Селадес, кој во новата ѕвезда на Реал гледа значаен адут и за претстојниот дуел со Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА