Ремек-дело на Асенсио – Шпанците од две шанси до водство од 2-0

Маркос Асенсио покажа зошто важи за еден од најдобрите млади фудбалери во светот, постигнувајќи еврогол од околу 25 метри за водство на Шпанија од 2-0 на дуелот со Македонија.

„Црвената фурија“ вторпат посериозно се закани по нашиот гол и веќе води со 2-0, откако накратко ја отстранивме опасноста по обидот на Деулофеу, но Алексовски беше немоќен по фантастичниот удар на Асенсио, кој ја смести топката во горниот десен агол од неговиот гол.

Се вчитува...