Португалија освои стартни три бода во групата Б од ЕП за млади во која се наоѓа и Македонија, откако Португалците попладнево славеа на дуелот со Србија со 2-0.
Двете селекции одиграа израмнет натпревар, но Португалците подобро се снајдоа при реализација на шансите и на крајот заслужено со цел плен си заминаа од стадионот во Бидгош. Гуедеш беше стрелец на првиот гол, откако фудбалерот на ПСЖ се најде на вистинско место по несмасната интервенција на српскиот голман.
Во вториот дел Португалците во игра го внесоа Ренато Санчез, по што го диктираа темпото до самиот крај. Токму асот на Баерн Минхен беше асистент при вториот гол за својата селекција, кога Фернандеш стави точка на дилемите околу победникот.
Португалија во второто коло ќе се сретне со Шпанија, додека Србија за противник ќе ја има Македонија.
1-0 Gonçalo Guedes Goal UEFA Euro U21 Group B… by diyan-delev
2-0 Bruno Fernandes Goal UEFA Euro U21 Group B… by wc2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА