Долгогодишниот тренер во редовите на Ренова, Бујар Исљами, одлучи да си замине од клубот. Тој беше координатор на пионерско-младинската школа во клубот, а одреден период беше вклучен и во стручниот штаб на сениорскиот состав. Но, по повеќегодишна работа меѓу „гипсарите“ одлучи дека е време да побара нов предизвик.
Според информациите, за него постои одреден интерес од неколку косовски клубови, па можно е Бујар Исљами во наредниот период својата тренерска кариера да ја продолжи на Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА