Најтрофејниот македонски кошаркар, Перо Антиќ, е првата јавна личност што ќе го добие признанието за „Заслужен граѓанин на Општина Центар“, што ќе му го додели Градоначалникот Андреј Жерновски.
Општина Центар најави дека ќе почне да доделува награди за физички и правни лица од Општината како признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитувањето и образованието и други области.Градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски до Советот на Општината доставил предлог одлука првата плакета за Заслужен граѓанин на Општина Центар да му биде доделелна на кошаркарската легенда Перо Антиќ.
Кошаркарот Перо Антиќ, кој е жител на Општина Центар, е првиот македонски спортист со освоени три евролигашки титули, нешто кое не им успеало на голем број славни имиња од европската кошарка. Почетоците со кошарката на Антиќ му биле токму во центарското Основно општинско училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Поранешниот капитен на македонската кошаркарска репрезентација својата кариера ја започнал во Кошарскиот клуб „Работнички“ Скопје, по што замина во странство за лансирање на својата блескава кариера.
Антиќ е единствениот Македонец со три титули европски првак, воедно и единствениот кошаркар од нашата земја што заиграл во НБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА