Интер најде стопер – На „Меаца“ доаѓа Рудигер

Ерата на Спалети во Интер започнува со засилување токму од Рома, а на „Џузепе Меаца“ ќе пристигне Антонио Рудигер. Стоперот ќе биде првото засилување на кинеските газди за следната сезона, трансферот ќе изнесува 30 милиони евра, а германскиот репрезентативец ќе стави потпис на петгодишен договор.

За официјално претстaвување на фудбалерот фановите на Интер ќе мора да почекаат до јули, а од раководството најавија дека нема да купуваат друг играч на Рома, сметајќи го овој трансфер за „бизнис на џентлeмени“.  Рома со задоволство ќе го пушти Рудигер во ривалскиот клуб, бидејќи вчера со претставувањето на Ди Франческо за нов стратег, го потврдија и трансферот на дефанзивецот на ПСВ, Хектор Морено.

Интер сега мора да обезбеди заработка од 30 милиони евра до крајот на јуни, со цел да избегнат санкции поради финансискиот ферплеј, а се надева дека ќе го постигне тоа со продажбата на Иван Перишиќ во Јунајтед.

 

Се вчитува...