Договорот на Милош Теодосиќ со ЦСКА Москва истекува ова лето, па раководството подготви понуда за Србинот која тешко се одбива. ЦСКА е подготвена да го направи Теодосиќ најплатен кошаркар во Европа, со годишна плата од 4 милиони евра. Неговата вкупна заработка во тригодишниот договор ќе биде 12 милиони евра.
За плејмејкерот на српската репрезентација се зборува дека ова лето конечно ќе зачекори на НБА терените. Интерес за неговите квалитети покажаа Бруклин нетс, Сакраменто кингс, Денвер нагетс, Јута џез и Мајами хит, но Теодосиќ засега нема конечна одлука за неговата иднина.
„Имавме одлична сезона, која поради новиот формат на Евролигата воедно беше и многу тешка. За жал, не успеавме да ја одбраниме титулата, но за нас важен е успехот во ВТБ – лигата. Сега сакам да се одморам и детално да размислам за мојата иднина. Во овој момент јас медитирам“, изјави Теодосиќ.
Но, ЦСКА Москва нема време за чекање. Со оваа понуда тие бараат итен одговор од 30-годишниот кошаркар, за да знаат дали можат да сметаат на него или пак да бараат адекватна замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА