Организаторите на Европското првенство во Полска предвидуваат и серија забавни настани за време на шампионатот во Гдиња каде се сместени селекциите на Македонија, Шпанија и на Португалија.
Па, во деновите од групната фаза во Гдиња ќе биде организирано и „Европско првенство“ во фудбал на плажа за фанови кои би играле за репрезентациите на Македонија, Шпанија и Португалија.
„Повикуваме да се пријават шест тим од по десет играчи кои ќе се натпреваруваат на турнирот на плажа. Тоа ќе биде една прекрасна забава на денот пред натпреварите на младите селекции на ова Европско првенство“ – вели директорот на спортскиот центар во Гдиња.
Првиот натпревар ќе се игра меѓу тимовите на Шпанија и Македонија на 17. јуни од 15:30 часот, а вториот натпревар во кој ќе партиципира тимот под обележјата на Македонија е на 23. јуни од 15:30 часот.
Распоредот на натпревари на тимовите под обележјата на трите земји за забавниот турнир во фудбал на плажа:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА