Влатко Костов и официјално е нов тренер на Ренова. По заминувањето на Ќатип Османи, раководството на „гипсарите“ инсистираше да го врати тренерот со кој имаше големи успеси. По четири години, Влатко Костов повторно седнува на клупата на овој клуб.
„Се договоривме со раководството на Ренова за едногодишна соработка. Морам да признам дека беа многу упорни и инсистираа да се вратам повторно во клубот каде имам убави спомени од минатото. Ќе работиме напорно и се надеваме дека Ренова следната сезона ќе се замеша сериозно во битката за излез на европска сцена“, изјави за ЕКИПА, Влатко Костов, по неговото назначување за нов шеф на стручниот штаб на Ренова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА