Фудбалерот од средниот ред на Работнички, Елиф Елмас отворено го демонстрираше сиот свој раскошен талент уште на дебито во сениорскиот дрес на Македонија против европскиот гигант Шпанија во квалификациите за СП 2018.
Одиграни 45 минути како потврда дека дефинитивно ќе биде носителот на новата генерација млади македонски фудбалери кои од септември ги очекуваат квалификациите за ЕП 2019. Но, дотогаш Елмас веќе е со актуелната наша млада селекција на Европското првенство во Полска.
Добар дел од европската фудбалска јавност го фокусираше вниманието кон Елмас по неговиот настап со Шпанија. Сето тоа доведува и до прашање дали Елмас може да биде едно од изненадувањата и на Благоја Милевски на шампионатот во Полска кој за нас почнува од 17. јуни со дуелот против Шпанија!?
Факт е дека селекторот Милевски максимално верува на играчите од средниот ред кои го понесоа товарот низ квалификациите за ЕП 2017, како Барди, Николов, Бабунски…, но дефинитивно оставена е можноста Елмас да биде сериозно дополнително освежување за нашата игра на дуелоте против Шпанија, Португалија и Србија во Гдиња и Бидгошч.
Неговиот перформанс против Шпанците, селектиран и низ видео материјалот, отворено навестува такво нешто…
[vimeo id=”221457526″ width=”620″ height=”360″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА