Пако Алкасер си оди, а Мунир Ел Хадади повторно на „Камп Ноу“

Младиот напаѓач Мунир Ел Хадади, кој како позајмен играч од Барселона играше во редовите на Валенсија, ова лето ќе се врати на „Камп Ноу“. Тој дојде како дел од договорот за потпис на Пако Алкасер во Барселона, но со оглед дека не ги оправда очекувањата, Алкасер сигурно ќе си замине од каталонскиот клуб. Валенсија имаше можност да го откупи договорот на Мунир Ел Хадади за 12 милиони евра, но, Барселона реши да го врати повторно во својот тим.

Новиот тренер Ернесто Валверде очигледно има доверба во младиот напаѓач кој минатата сезона одигра 32 натпревари во дресот на Валенсија и постигна шест гола.

Се вчитува...