Емил Рајковиќ останува на клупата на клупата на Остров Виелкоповски откако беше награден од страна на управата на својот клуб по извонредните настапи изминатата сезона во полскиот шампионат. Македонскиот стручњак потпиша нов едногодишен договор со оваа екипа, со која сезонава стигна до огромен успех освојувајќи го бронзениот медал во првенството.
„Имавме извонредна сезона, а сега сакаме да направиме уште повеќе работи заедно. Набрзина се договоривме и очекуваме успешната соработка да продолжи“ – изјави претседателот на Остров, Павел Матушевски.
Рајковиќ седна на клупата на Остров по неуспешната авантура на клупата на МЗТ Скопје. Под негово водство Остров експресно го надмина очајниот старт на сезоната, нанижа 13 победи во серија во полското првенство, а потоа во плејофот го освои и третото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА