Македонија во четврток во Суми ја очекува квалификацискиот дуел со Украина, кој во многу нешта може да ни го насочи патот кон Европското првенство 2018. Секако со победа.
Дејан Манасков е оптимистички расположен пред заминувањето за Украина, потенцирајќи ја вербата дека може да стигнеме до триумфот. Се разбира, без ниту најмало потценување на противникот, како што тоа го направија Чесите и Исланѓаните, па беа поразени.
„Мислам дека пред се Чешка и Исланд ја потценија Украина, влегоа опуштено против нив и затоа загубија. А, Украинците не се воопшто за потценување. Иако е млада селекција, се работи за високи индивидуалци кои се добро технички потковани. Но, ние добро ги анализиравме, знаеме кои се нивните добри и лоши страни, и одиме максимално подготвени на пресметка со нив. Сигурен сум дека некој мора да победи во Украина во овие квалификации, и тоа ќе бидеме ние“ – ни изјави Манасков пред денешниот тренинг на националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА