Проблеми за Раул Гонзалез: Отпадна Велко Маркоски, се повреди и Миркуловски!

Велко Маркоски и дефинитивно нема да може да и помогне на Македонија во последните два натпревари против Украина и против Чешка во квалификациите за ЕП 2018. Но, дополнителен проблем за селекторот Раул Гонзалез е повредата на еден од клучните играчи во нашиот состав, искусниот Филип Миркуловски.

Маркоски со повреди и пристигна на репрезентативниот собир, за да денеска и дефинитивно е ослободен од обврските откако стана јасно дека нема да може комплетно да одговори на предизвикот. Миркуловски, пак, заработи повреда за време на подготовките, сега е под посебен режим, но се очекува да собере сили и да им помогне на соиграчите на дуелите со Украина и со Чешка.

„Деновиве работиме некомплетни, Лазаров и Борко Ристовски очекуваме да ни се приклучат на тренинзи од вечерва, а дополнителен проблем секако е повредата на Филип Миркуловски. Ќе видиме денеска и утре колку и дали ќе биде подготвен за дуелот со Украина. Маркоски, пак, го ослободивме откако беше јасно дека нема да може да игра“ – ни изјави селекторот Раул Гонзалез пред денешниот тренинг на репрезентативците.

IMG_3837

IMG_3856

Македонија на 15. јуни игра на гости против Украина во Суми, а потоа на 18. јуни во Скопје не очекува и клучниот натпревар со Чешка. Од вчера почна и продажбата на билетите за натпреварот со Чешка, на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.

Билети можат да се резервираат и онлајн на интернет-страницата на МК Тикетс, а ќе се продаваат по цена од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Се вчитува...