Судијата им ’прости’ на Шпанците: Рамос играше со рака, а Павел Гил не досуди пенал (ФОТО)

Шпанија беше подобра и заслужено ги освои трите бода во Скопје, совладувајќи ја Македонија со 1-2. Шпанските ѕвезди беа фантастични во првото полувреме, постигнаа два гола преку Давид Силва и Диего Коста, но Македонија покажа дека може да им парира на велесили во одреден дел од мечот, токму во второто полувреме. Стефан Ристовски постигна прекрасен гол во 66.минута за 1-2, а во завршницата од мечот не беше досуден класичен пенал за Македонија.

IMG_2884

Серхио Рамос во дуел со Илија Несторовски играше со рака во сопствениот шеснаесетник, тоа убаво го забележа објективот на ЕКИПА.МК, но не сакаше да го забележи и санкционира главниот судија на натпреварот, Полјакот Павел Гил. Доколку имаше пенал за македонскиот национален тим, можеби „фуријата“ и немаше да замине со три бода од Скопје?! Јасно е дека Шпанија е моќна фудбалска сила, па понекогаш и судиите им прогледуваат низ прсти на големите мегаѕвезди како Серхио Рамос.

Илија Несторовски се фати за глава, не можеше да верува дека судијата не реагираше, но попусто, кога мечот набрзо потоа и заврши…

Се вчитува...