Една од причините за далеку подоброто издание на Македонија во второто полувреме беше и влегувањето на Елиф Елмас. Овој 17-годишен фудбалер одлично се снајде на средината од теренот, иако против себе имаше играчи од самата светска елита, покажувајќи дека поседува потенцијал за наскоро да биде и стартер во нашиот сениорски состав.
По мечот, членот на Работнички не го криеше задоволството од дебито во националниот тим, искажувајќи желба во блиска иднина да ја забележи и првата победа во црвено-жолтиот дрес.
„Дуели против Иниеста, Давид Силва и останатите шпански фудбалери е нешто што секој играч сака да го доживее, кај мене задоволството е уште поголемо бидејќи се сретнав со овие ривали уште на 17-годишна возраст. Секако дека сум среќен за моето деби, за жал не победивме. Во второто полувреме бевме рамноправни, се надевам дека овој меч ќе ни послужи како поука и уште подобро ќе одиграме на следните натпревари во овие квалификации. Почетокот беше клучен, тие премногу притиснаа, ние моравме целосно да играме во дефанзива, постигнаа два гола и прерано го решија прашањето на победникот“ – истакна Елмас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА