ФОТОГАЛЕРИЈА: Ристовски распали со сета сила, но Шпанците сепак си се велесила!

Македонската репрезентација, наспроти очајниот прв дел, одигра второ полувреме кое донесе задоволство меѓу 20.000 навивачи на „Телеком арената“ во Скопје, како заокружување на јунскиот собир од квалификациите за СП 2018 во Русија.

Стефан Ристовски со прекрасен гол во второто полувреме донесе надеж за позитивен резултат против големиот фаворит, но „фуријата“ не „продава“ победи така лесно…

Во секој случај убава претстава на нашиот најголем стадион, дефиле на врвните шпански ѕвезди во Скопје, но и уште една потврда дека македонската селекција може да демонстрира фудбал со кој не мора секогаш да се посрамотуваме пред Европа, па и против најголемите фудбалски гиганти…

[new_royalslider id=”684″]

 

Се вчитува...