Селекторот на шпанската репрезентација, Хулен Лопетеги вели дека Македонија заслужува максимален респект во пресрет на утрешниот меѓусебен натпревар.
Стратегот на Шпанците на денешната прес-конференција во Скопје истакна дека неговиот тим пристигна тука да освои три бода, но ќе биде тешко во текот на целиот меч.
„Бев загрижен за теренот, но теренот е тој што е, не можеме да го смениме. Најважно е што ние ќе направиме, дојдовме тука да победиме, и ќе го дадеме својот максимум, без разлика на условите за игра. Очекувам да биде поразлично од натпреварот кој го одигравме во Гранада. Македонија знае да нападне, играа одлично против Италија, се подобро играат на секој натпревар, но ние ќе се бориме за трите бода. Ние со нетрпение го очекуваме мечот, подготвени сме и сакаме да победиме, но Македонија заслужува да биде респектирана сите 90 минути. Јас сакам да им дадам шанса на помладите, но и да го одржуваме истиот стил на игра, ваквите натпревари се можност за младите да се докажат. Очекувам добар, но тежок натпревар. Македонија ќе тргне по гол, тоа е јасно, но верувам дека ќе извдоиме триумф“ – изјави Лопетеги на средбата со медиумите на националната арена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА