Пандев: Верувам дека Несторовски може да ги „затресе“ Шпанците!

Капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев смета дека има простор за изненадување против Шпанија, утре од 20:45 часот на „Телеком арената“ во Скопје, во квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018 во Русија.

Играме против една од најдобрите светски селекции, но Пандев потенцира дека сите во репрезентацијата се максимално подготвени да одговорат на секој предизвик.

„Знаеме дека не очекува тежок натпревар, играме против еден од фаворитите во нашата група. Ќе биде тешко но се поготвувавме 10 дена и максимално сме подготвени, нема што да загубиме, ќе се обидеме да го дадеме својот максимум“ – истакна Пандев на денешната прес-конференција.

IMG_0933

Капитенот го извдои Давид Силва како најопасен играч од составот на Шпанците, но вели дека и Илија Несторовски ќе им прави проблеми на одбраната на „фуријата“.

„Шпанците негуваат офазивен, технички фудбал… Како и претходно со истата филозофија продолжува и селекторот Лопетеги, но ако морам да издвојат поединец, мислам дека Давив Силва ќе биде најголемата закана за нашата одбрана. Знаеме дека оставаат простор поради нивниот напаѓачки фудбал, а ние мораме да го искористиме тоа. Се надевам дека преку контра напади можеме да ги изненадиме. Несторовски за нас е многу важен играч, селекторот Лопетеги е во право што смета дека токму Илија ќе прави проблеми на одбраната“ – вели капитенот на репрезентацијата, Горан Пандев.

Се вчитува...