Претставници на УЕФА денеска имаа средба со Министерот за внатрешни работи на РМ, Оливер Спасовски во насока на што поуспешна организација на престојниот УЕФА Суперкуп 2017 кој на 8. август ќе се игра на националната арена во Скопје.
Спасовски одржа работна средба со Жељко Павлица и Франк Вијнвелд од УЕФА, кои директно се вклучени во организацијата на претстојниот Суперкуп на УЕФА меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.
Министерот Спасовски на претставниците на УЕФА им соопшти дека сите расположливи капацитети на МВР ќе бидат ставени на располагање за успешна организација на овој настан. Како што информираат од МВР, од УЕФА, пак, го потенцирале огромното значење на МВР за успешната организација на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА