Италијанската фудбалска федерација се одлучи да го промени градот домаќин на квалификацискиот натпревар за пласман на СП 2018 во Русија, меѓу Италија и Македонија кој треба да се игра на 6. октомври.
Како што информираат денеска Италијанците, дуелот на 6. октомври место во Удине, како што беше првично одредено, ќе се игра на Олимпискиот стадион во Торинот со почеток од 20:45 часот.
Репрезентацијата на Италија во Торино ќе се врати по една година, откако претходно последен натпревар во овој град беше одигран на 6. октомври 2016, но на стадионот на Јувентус меѓу Италија и Шпанија во натпревар од актуелните квалификации за СП 2018.
По Рим и Милано, Торино е градот кој најголем број пати бил домаќин на италијанската репрезентација. Во Торино во 1918 година е формирана и Италијанската фудбалска федерација. Па, натпреварот со Македонија ќе биде и еден вид најава за сите случувања кои Италијанците ќе ги имаат по повод 100-годишнината од својата фудбалска игра.
Како што е познато, досега Македонија и Италија имаат само еден меѓусебен натпревар. Оној во Скопје од минатата година кога загубивме на националната арена со 2-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА