Радек Штепанек нов тренер на Ѓоковиќ?

Новак  Ѓоковиќ ни со Андре Агаси на успеа да се врати на победничкиот колосек. По елиминацијата во четвртфианлето на Ролан Гарос, Србинот бара ново тренерско решение, а според српските медиуми од сите потенцијални кандидати најблиску е поранешниот осми тенисер во светот, Радек Штепанек.

На почетокот на мај, Новак Ѓоковиќ го отпушти комплетниот стручен штаб, а потоа по турнирот во Рим, пред две недели, објави дека ќе работи со Андре Агаси. Но, легендарниот Американец поради бројните приватни обврски, не може во целост да му се посвети на Ѓоковиќ, па со него беше само во првата недела на Ролан Гарос.

Чешкиот ветеран Штепанек е во добро односи со Ѓоковиќ, а понекогаш и тренираат заедно. Штепанек поради повреда нема одиграно ниеден натпревар од почетокот на годината и се поблиску е до одлуката да стави крај на играчката кариера. Според најавите, ангажманот на Штепанек нема да значи прекинување на соработката со Агаси и една од опциите е тие двајца да работат заедно во тренерскиот тим на Ѓоковиќ.

Се вчитува...